23:21 - 7 ноември, 2026

ФОРБС ОДЛУЧИ: Мекензи Скот е најмоќната жена во светот!

мекензи скот

„Форбс“ ја објави листата на 100 најмоќни жени во светот, а на првото место се најде Мекензи Скот, поранешната сопруга на Џеф Безос. Во „трката“ беа и Камала Харис, Кристин Лагард и Мелинда Гејтс.

Во написот за најмоќната жена на светот, Меги Мекграт од „Форбс“ пишува дека Скот добила огромни средства по разводот со Безос, кои брзо почнала да ги дели во добротворни цели.

мекензи скот, џеф безос
Мекензи Скот и нејзиниот поранешен сопруг Џеф Безос / Фото: EPA/NINA PROMMER

„Пред три години Мекензи Скот беше авторка, сопруга и мајка на четири деца, која основаше група за борба против злоуставување, а во 90-тите му помагаЛА на својот сопруг да го води „Амазон“. остана во сенка – но потоа се разведе од Џеф Безос, доби четвртина од неговиот удел во „Амазон“ и веднаш почна да планира кому да го подари сето тоа. „Имам непропорционална сума пари за споделување“, напиша таа во мај 2019 година кога го потпиша планот за донации, ветувајќи дека ќе донира барем половина од своето богатство во добротворни организации“, пишува Мекграт.

мекензи скот
Мекензи Скот / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

„Скот не само што почна да го исполнува кажаното, туку го правеше тоа со рекордна брзина и со целосна контрола врз тоа каде одат нејзините пари. За нешто повеќе од две години, Скот, вредна 57 милијарди долари, даде 8,6 милијарди долари на 780 организации кои вклучуваат родова еднаквост, расна правда и јавно здравје. Го направи тоа без канцеларија и поштенска адреса, а нема докази и дека има персонал со полно работно време, нема одбор на директори и, бидејќи не донира преку добротворна организација, нема ниту барања за известување“, наведува Мекграт.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....