13:20 - 31 јули, 2026

Шокантни резултати: Повеќе од 10 сексуални партнери – поголем ризик од рак?

Ако судиме според новите, во најмала рака шокантни резултати од истражувањето, луѓето кои во текот на животот имаат повеќе од десет сексуални партнери, изложени се на поголем ризик да заболат од карцином.

Посебно загрозени се жените кои имаат голем број сексуални партнери, соопштуваат научниците од Велика Британија, Австрија, Турција и Канада, кои заедно работеле на ова истражување.

Истражувачите анализирале податоци добиени од една британска студија, во која учествувале луѓе на возраст од околу 50 години. Скоро 6.000 учесници пријавиле колку сексуални партнери имале во текот на животот и пополниле прашалници за своето здравје во 2012/13 година.

Оние кои имале повеќе сексуални партнери биле помлади, склони кон пушење, често комсумирање алкохол, а исто така и физички биле поактивни.

Околу 22 % од мажите и нешто помалку од 8% од анкетираните жени пријавиле десет или повеќе сексуални партнери.

Научниците утврдиле дека постои статистичи значајна поврзаност помеѓу бројот на сексуални партнери и ризикот на заболување од карцином и меѓу мажите и меѓу жените.

Во споредба со жените кои имале само еден или ниеден сексуален партнер, оние кои имале десет или повеќе партнери, имале 91% поголем ризик на заболување од карцином. Кај мажите кои имале две до четири партнерки, ризикот на заболување од карцином е 57% поголем отколку кај оние кои имале една или ниедна.

Освен тоа, оние кои имале десет или повеќе партнерки, изложени се на 69 % поголем ризик од заболување.

Истражувањето исто така утврдило дека жените кои имале помеѓу пет или девет, или повеќе од десет сексуални партнери во текот на животот, имаат 64% поголем ризик од некои хронични болести. Кога се работи за хроничните болести, кај мажите не е откриена таква врска.

Иако во истражувањето не е наведена причината, врз основа на претходните истражувања се претпоставува дека улога можат да имаат сексуално преносливите инфекции во развој на одредени облици на карцином или хепатитис.

Слични објави

Лубеница и диња – освежување со многу придобивки, но и со правила

Еспресо

Добро осмислениот појадок може да придонесе за подолго чувство на ситост и за лесно контролирање на килограмите

Т.Ц.

„Грижата за себе не е луксуз, туку првиот чекор кон подобар живот“ – Марина Петровска, велнес-советник, за малите навики што носат големи промени

Еспресо

Д-р Беќаровски советува да бидеме внимателни кога пиеме пијалаци со мраз: „Теоретски од мразот може да настане труење“

Еспресо

Многумина ги забележаа златните точки на ушите на Ѓоковиќ на Вимблдон – еве за што станува збор

Т.Ц.

Што се менува по 35-тата година: Зошто сè повеќе жени избираат дополнителен приход?

Еспресо
Се вчитува....