16:03 - 10 ноември, 2026

Рецепт за осветлување на косата: Освен поубава боја, ќе добиете и свилена и сјајна коса

Косата може да се бои со природни препарати кои освен што ќе ја осветлат вашата коса имаат и важна улога во негата на косата.

Дали сте знаеле дека косата може да се осветли за дури три нијанси и тоа со цимет. Циметот на косата и дава сјај и мекост и не ја оштетува.

Најдобрите резултати од боењето на косата со цимет можат да ги почувстваат дамите со смеѓа коса, додека оние со потемна коса мораат повеќе пати да ја применуваат оваа маска со цимет, но сепак и тие ќе дојдат до посакуваниот резултат.

Потребно ви е: 3 лажици цимет, 3 лажици мед, 5 лажици балзам за коса.

Подготовка: Помешајте го медот со циметот добро да се поврзат, па во таа смеса додадете го балзамот, односно регенераторот кој вообичаено си го користите. Маската се нанесува на чиста, исушена коса.

Не ја нанесувајте оваа смеса на коренот од косата со цел да не го иритирате. По нанесувањето на маската, косата замотајте ја во пластична фолија, па со пешкир. Пешкирот тргнете го после 1 час, а маската под фолија нека остане на главата уште 4 до 5 часа. На крај измијте ја косата со топла вода.

И не заборавајте, оваа маска е наменета за осветлување на природните бои на коса, не на фарбаните. Применувајте ја маската два пати неделно, се до посакуваните резултати.

Слични објави

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

Ништо повеќе не ве радува, иако животот ви изгледа нормално? Што е анхедонија и како да ја препознаетe

К.С.

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.
Се вчитува....