11.8 C
Скопје
13:57 - 27 октомври, 2026

НЕВЕРОЈАТНА ТЕХНИКА НА КИНЕСКИТЕ АСТРОЛОЗИ: Што откриваат бенките за нашата судбина?

Бенките се мапа на нашата личност и показател на иднината, тврдат кинеските астролози.

Симон Вонг состави „Краток водич за бенки“ наведувајќи во него што претставуваат тие и што значи нивната положба.

Чело – Доколку се наоѓа на средина од челото, ќе ве следи лоша комуникација со авторитети. Ако бенката е на едната страна, тоа значи дека сте енергични и одлучни.

Очни капаци – Нестабилни семејни односи може да се кријат зад бенката на капакот од окото, додека пак бенката што се наоѓа под окото може да претставува претерана емотивна осетливост.

Веѓи – Бенка под веѓата означува добро здравје, а над – богатство без многу труд.

Уши – Ако на ресичката од увото имате бенка, значи дека сте добри, праведни и ценети во друштвото. Доколку е во увото, долго ќе живеете, а на врвот на увото значи дека сте многу интелигентни. Успешните луѓе имаат бенки на двете ува.

Фотографија: Profimedia

Раце – Ако имате бенка под лактот значи дека сте емпатични, а доколку е на дланката, означува дека сте многу талентирани за уметност.

Нозе – Личностите со изразена сексуалност имаат белег на колковите, а на колената имаат оние што се материјалисти. Лидерите имаат бенки на стапалата.

Врат – Бенка на ова место може да донесе големо животно разочарување. Ако бенката се наоѓа на средина од вратот, тоа значи дека личноста е проблематична.

Образи – Ако се наоѓа на преклопот на образот, тоа може да биде предзнак за големи несреќни случувања.

Нос – Без разлика на тоа дали се наоѓа на врвот или на средина од носот, бенката на тој дел од телото значи проблеми и тешка работа.

Усни – Ако бенката се наоѓа на аголот од горната уста, значи дека сте хедонист и естет. Доколку е на долната, децата ќе ви бидат успешни.

Фотографија: Profimedia

Стомак – Што поблиску до средината на стомакот се наоѓа вашиот белег, толку повеќе успех ќе ве следи во животот.

Грб – Успехот е гарантиран за они кои имаат бенки на грбот.

Задникот – Великодушни и хумани личности, кои уживаат во добрите вкусови, имаат бенка на ова место.

Гради – Белег на градите е знак за добра мајка, а на брадавицата наговестува дека ќе имате успешни и среќни деца.

Слични објави

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Витамините не се најдобрата заштита од настинки и грип, лекар открива што навистина помага

К.С.

Ракот на дојка не започнува секогаш со грутка — ова се промените што не треба да ги игнорирате

К.С.

Како да го подобрите метаболизмот за три дена? Искористете го продолжениот викенд за поздрави навики

К.С.

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.
Се вчитува....