Пејачката Николија Јовановиќ, ќерка на музичката легенда Весна Змијанац и сопруга на музичарот Реља Поповиќ, во неодамнешно гостување во подкаст отворено прозборе за почетоците на нивната врска, користењето естетски корекции и нејзините музички ставови.
Коментирајќи го периодот кога се запознале за време на соработката на култниот хит „Алкохола литар“, во времето кога Реља беше дел од групата „Елитни одреди“, Николија се осврна на тоа како фановите реагирале на нивната љубов:
„Имаа фанатични фанови, што е преубаво, но јас бев во фазон – ‘изоставете ме од приказната’. Веднаш кликнавме и се заљубивме најсилно на светот. Фановите дури му велеа на Реља: ‘Те молам, создржи се, сочекај да заврши песната’, се насмевна пејачката, потсетувајќи се на турбулентните почетоци кога често ја обвинуваа за распадот на популарното дуо.
Покрај тоа, Николија без влакна на јазикот проговори и за својот став кон музиката, како и за користењето ботокс:
„Мене сè ми се гледа на лицето, без оглед на ботоксот! Искрено, не сакам мејнстрим музика, ама сакам пари“, изјави таа во свој препознатлив и директен стил.
По потсетувањето на нивната 12-годишна врска, пар неодамна стапи во брак на интимна церемонија која претставувала изненадување за нејзиниот роденден, на која присуствуваше и нејзината мајка Весна Змијанац.
