19:12 - 17 ноември, 2026

Тања Савиќ искрено проговори за борбата за потомство со Муки: „Би посвоиле дете“

Српската пејачка Тања Савиќ отворено проговори за желбата да стане мајка по третпат и за предизвиците со кои се соочува заедно со својот 11 години помлад партнер Мухамед Муки Бешиќ. Двојката е во врска веќе пет години, а пејачката не крие дека силно посакува да добијат заедничко дете.  Тања размислува за медицинска помош, вештачко оплодување, но и за посвојување дете.

Покрај плановите за проширување на семејството, пејачката се осврнала и на негативните коментари што ги добива на социјалните мрежи, како и на односот на нејзиниот партнер со нејзините два сина од претходниот брак.

Тања открила дека и покрај тоа што со Муки веќе пет години се обидуваат да добијат заедничко дете, можно е во процесот да им биде потребна помош од медицински стручни лица.

Таа има речиси 42 години и свесна е дека времето поминува, поради што не сака да ја пропушти можноста повторно да се оствари како мајка.

„Многу луѓе ни пишуваат, има многу хејтери. Тоа се луѓе што се кријат зад тастатурата и така го поминуваат слободното време. Има и злонамерни коментари. Тие мислат дека јас го задржувам Муки покрај себе и си играм со него, а дека не сакам да му родам дете.

Јас сакам да му родам дете на Муки. Сите се борат за потомство, па така и ние. Веќе пет години сме заедно и сосема е нормално да работиме на тоа да добиеме бебе. Но, веројатно ќе мора да побараме помош од медицината и стручните лица за да дојде до бременост.

Не е невозможно, постои и вештачко оплодување. Имам речиси 42 години и полека ми отчукува биолошкиот часовник. Мислам дека, кога човек ќе се среди, ако заминам на планина и подолго време не ме гледате, да знаете дека работам на бебе“, раскажала пејачката.

 

Пејачката открила и дека разговарала со своите синови за можноста во семејството да пристигне уште едно бебе.

На прашањето дали би сакале мајка им да роди дете со Муки, момчињата ѝ одговориле дека веќе се големи. Таа, пак, смета дека токму тоа може да биде предност, бидејќи ќе има кој да помогне околу бебето.

„Не треба да се откажуваме. Не сум ниту прва ниту последна. Се борам и ќе продолжам да се борам. Кога ги прашав децата дали би сакале мама да роди уште едно бебе со Муки, тие ми рекоа дека веќе се големи. Јас им одговорив дека тоа е уште подобро, бидејќи ќе има кој да го чува бебето.

Тоа е добитна комбинација, ако Господ нè погледне со милост, би плачела од среќа“, изјавила Тања.

 

Покрај можноста за вештачко оплодување, пејачката размислува и за посвојување. Таа вели дека нема предрасуди и дека би сакала да му пружи дом на дете на кое му е потребна љубов и грижа.

„Зошто да не? Би посвоиле дете. Јас сум таква што би им помогнала на сите. Би посвоиле и црно дете, би посвоиле деца во Африка, би отворила и прифатилиште за кучиња. Би ги заштитила тие невини суштества. Многу сум емпатична“, открила пејачката.

Тања зборувала и за стравот од моментот кога нејзините синови ќе пораснат и ќе станат целосно самостојни.

Признава дека како мајка е многу грижлива и дека понекогаш тешко ѝ е да се откаже од навиката постојано да се грижи за нив, од облекувањето до секојдневните обврски.

„Единствено се плашам затоа што сум балканска мајка, така сме пораснале. Постојано сум јас таа што им го носи дуксерот и ги облекува децата. Мораме да ги насочиме децата и уште сега ги учам дека животот нема секогаш да ги мази“, раскажала таа во емисијата „Премиера – викенд специјал“.

Тања не ја крие среќата поради односот што нејзиниот партнер го изградил со нејзините синови. Иако е 11 години помлад од неа, Муки со текот на годините станал важен дел од нивното семејство и ги прифатил момчињата како свои деца.

Пејачката открила дека синовите имаат одличен однос со него и дека често токму Муки е личноста на која ѝ се обраќаат кога им треба помош.

„Муки има фантастичен однос со моите синови. Тие го бараат него кога нешто им треба, дури и кога јас седам веднаш до него. Понекогаш останувам изненадена. Сега се момчиња и во овие години повеќе им одговара машката енергија.

Целото мое семејство го прифати Муки, а и да не беше така, најважно ми е што јас го прифатив“, рекла Тања.

Таа додала дека и нејзините родители имаат прекрасен однос со нејзиниот партнер. Секогаш кога одат во Смедерево, го пречекуваат со голема љубов, како да станува збор за нивно родено дете.

„Многу ми е драго што секогаш кога ќе отидеме во Смедерево, моите го пречекуваат како да го чекаат своето дете. Нема никаква разлика. Тоа е нешто неверојатно“, заклучила пејачката.

 

Слични објави

Насилникот не смее да биде почитуван, а жртвата да живее во страв – кога молчењето станува соучесништво

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ на семејната слава кај Жељко Митровиќ: Ја покажа раскошната декорација, а друштво ѝ правеше и ќерката Леа

Еспресо

(Видео) Песната ја вратила од годините на молк по смртта на синот – Кратово со концерт ќе се сеќава на Вања Лазарова

Еспресо

(Фото) Северина во издание што не поминува незабележано: палто претворено во фустан, градник и кристали

Еспресо

(Фото) Николина Пишек направи промена, ја покажа новата фризура: „Најлошо е кога ќе отидеш на фризер за да те потстриже и…“

Еспресо

Таблета за машина за садови во бањата — дали трикот навистина ги отстранува белите траги од туш-кабината?

К.С.
Се вчитува....