Операцијата ја изврши д-р Жан Митрев, кој заедно со медицинскиот тим се соочи со една исклучително тешка и сериозна медицинска состојба, давајќи му на Велче шанса за нов живот.
Во 2011 година, животот на Велче Мицановски висеше на конец. Со пукната аорта, во критична и животозагрозувачка состојба, итно беше транспортиран од Државната болница во тогашната болница ,,Филип Втори“.
Тоа беше трка со времето, борба за секој здив, за секоја шанса да продолжи животот. Во тие моменти, надежта беше во рацете на лекарите, нивното знаење, храброст, посветеност и пожртвуваност.
Операцијата ја изврши д-р Жан Митрев, кој заедно со медицинскиот тим се соочи со една исклучително тешка и сериозна медицинска состојба, давајќи му на Велче шанса за нов живот.
Денес, по цели 15 години, Велче Мицановски е жив. Зад него се години исполнети со живот, семејство, спомени и нови денови. А зад неговата животна приказна стои еден голем момент во кој медицината, знаењето и посветеноста се сретнале за да му дадат нова шанса.
Петнаесет години подоцна, неговото постоење е повеќе од спомен – тоа е живо сведоштво за една спасена судбина. Денес Велче повторно ја посети Клиниката „Жан Митрев“ за да искаже благодарност.
Благодарност до д-р Жан Митрев, до сите лекари, медицински сестри и целиот тим што во 2011 година беа дел од неговата голема борба за живот.
Некои успеси не се мерат со бројки, туку со години живот подарени на еден човек, со насмевките на неговите најблиски и со секој нов ден што му бил овозможен. Зашто, најголемиот успех на медицината не е само да спаси живот во еден миг, туку да му овозможи на човекот да живее уште многу години.
15 години подоцна, Велче Мицановски е животот, надежта и медицината што прави разлика.
Безбедноста не е случајна.
Противпожарна акција за подигнување на свеста
Безбедноста не е случајна. Таа се гради со посветеност.

Во Клиничката болница „Жан Митрев“ се реализираше противпожарна акција посветена на подигнување на свеста и унапредување на безбедноста на пациентите, вработените и сите посетители.
Преку практични активности и демонстрации, вработените имаа можност да ги унапредат своите знаења за правилно постапување во случај на пожар, користење противпожарни апарати и спроведување безбедна евакуација.
Целта на оваа акција е јасна – да се биде подготвен на секаква непредвидлива ситуација, да се реагира навремено и да се спречат ризиците пред тие да станат опасност.
„Зад секоја успешна превенција стои грижата за највредното – човечкиот живот“, информираат од Клиника „Жан Митрев“.
Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. За закажување термин или за информација, јавете се на тел. 02/3091 484
Комерцијален текст.
