17.8 C
Скопје
14:12 - 18 октомври, 2026

Коронавирусот не ги уништува само белите дробови, и друг орган е на удар!

Американските научници утврдиле дека ковид-19 може да предизвика и срцеви проблеми, дури и кај луѓето што претходно немале никакви проблеми од тој вид.

Исто така, научниците предупредиле дека коронавирусот може да има кобни последици за луѓето што веќе страдаат од постојни кардиоваскуларни болести, како, на пример, хипертензија (висок крвен притисок).

Научниците анализирале претходни коронавируси какви што се САРС и МЕРС, но состојбата на ковид-19, кој ја предизвика пандемијата што моментално владее со светот, е многу поопасна. Научниците дошле до заклучок дека коронавирусот може да влијае врз срцевиот мускул.

„Веројатно е дека, дури и доколку претходно сте немале срцеви болести, коронавирусот ќе влијае на срцевиот мускул. Генерално, потврдено е дека повреда на срцевиот мускул може да му се случи на секој пациент, без оглед дали имал кардиоваскуларни проблеми претходно, но ризикот е многу поголем кај оние што веќе имаат дијагностицирано срцева болест“, истакнале од Научно-истражувачкиот здравствен центар во Универзитетот во Тексас.

Исто така познато е дека инфекцијата ја влошува состојбата на срцето и може да предизвика срцев удар. Оваа инфекција може да доведе и до перикардитис (воспаление на слузницата на срцето) и миокардитис (воспаление на срцевиот мускул).

Научниците изјавиле дека откриле значајна поврзаност помеѓу срцевите заболувања и смртниот исход меѓу пациентите заразени со ковид-19 во борбата во Вухан, Кина.

 

Слични објави

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Поврзани онлајн, осамени офлајн – менталното здравје во дигиталната ера

Еспресо

Зошто ви опаѓа косата? Овие се најчестите причини за кои можеби не сте знаеле

К.С.

Дали трчањето на загаден воздух е опасно за здравјето? Научниците откриваат како да се заштитите

К.С.

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.

Калинката е вистинска ризница на здравје: 10 причини зошто треба почесто да ја јадете

К.С.
Се вчитува....