7.8 C
Скопје
19:35 - 30 март, 2026

ФОТО: 7 делови од телото на кои се гледаат првите знаци на стареење!

Првите знаци на стареење се појавуваат во дваесететите години, кога околу нашите очи понуваат да се формираат борите.

Повеќето се фокусираат на нега на лицето во обид што подолго да се задржи младелешкиот изглед. Но, постојат и други делови од телото покрај лицето, кои може да откријат колку години имаме.

Постојат знаци на телото, од глава до пети кои ги откриваат вашите години, а еве само неколку од нив кој треба да ги земете в предвид.

Facebook

Лактови

Кога ќе остарете, кожата околу лакотот се збрчкува и се опушта Постојат низа причини поради која мазната кожа може да стане сува и рапава. На пример, константното триење на облека ќе допринесе за суша на кожата и со тек на време ќе ја опушти. Секое драстично губење на килограми исто така може да ја олабави кожата на вашиот лакт.

Раце

Рацете се едни од првите делови на телото кои покажуваат било какви знаци на стареење. Како старее кожата, губи колаген и потешко ја задржува влагата. Тоа може да направи кожата на рацете да ни биде сува. Вените исто така стануваат видливи со годините.

Нокти

Ноктите се параметар на целокупното здравје и одржуваат промена која со текот на времето се случува во вашето тело. Како старееме, така и растењето на ноктите се успорува, а исто така може да станат и склони на кршење.

Врат

Еден од најчестите знаци на стареење кај вратот е појавата на вертикални мускулни линии. Уште еден знак дека кожата на вратот старее се кафеавите точки. Тие може да се развијат како резултат од сончање, генетски фактори или од други здраствени проблеми, како што е гојазноста.

Деколте

Длабокото деколте ја изложува кожата на градите на надворешни фактори. Можеби ви се појавиле пеги додека сте биле млади, но тие веројатно станале потемни и поголеми со текот на времето. Уште еден знак за стареење е кожата на градниот кош. Таму се појавува црвенило и проширени крвни садови. Најчесто причина за тоа се УВ зраците.

Facebook

Усни

Слично и како кожата на очите, усните се доста нежни. На усните исто така може да се појават бори, а некои навики како што е пушењето, може да допринесат за тенки линии околу устата. Дехидрирани усни се исто така склони на распукување, а понекогаш може и да ја изгубат природната боја.

Коса

Кога ќе станеме повозрасни, нашата коса не само што ја губи бојата, туку и волуменот. Кога старееме протокот на крв се намалува. Косата добива помалку кислород и витамин потребни за раст. Како резултат, влакното почнува да ја губи дебелината.

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо
Се вчитува....