22:35 - 7 ноември, 2026

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

Елена Велевска искрено раскажа дека потекнува од сиромашно семејство кое го спасила од сиромаштија.

Гостувајќи во емисијата „Магазин“, на Тв „Сител“, фолк-пејачката ја отвори душата за непријатна случка од Австралија, а потоа откри и приказна за семејството.

„Во Австралија кога требаше да одам последен пат, менаџерот не сакаше да ме рекламира со образложение дека сум била доволно популарна и дека сака групата којашто ја носи да биде поекспонирана. Тоа го нема никаде. И му реков дека тогаш не гледам потреба зошто би одела таму, да се почувствувам како исфрлена од програмата. И мислеше дека по секоја цена јас ќе прифатам дека Австралија е во прашање, дека ќе прифатам без реклама и со такво дискриминирање од постерот, бидејќи ми се јавија луѓе и ми рекоа дека ме нема на рекламата и на постерот“, рече Велевска и додаде дека тоа била заедничка турнеја.

Елена рече дека за неа е апсурд некој да не сака да ја рекламира.

„Ако некој не сака да ме рекламира, тоа е апсурд, контрадикторно на цела популарност којашто си ја имам изградено низ годините. Некои луѓе мислат дека навистина можат некого да купат со парите.
​Но јас уште од дете уште сум се изборила, а потекнувам од едно сиромашно семејство и како дете сум се изборила да станам едно дете коешто ќе ги спаси сите од таа сиромаштија. За мене навистина не се никогаш проблем парите, бидејќи парите доаѓаат и одат во животот. Но, не е мерило дека некој може да те купи со пари и да те потценува, да те уценува“, рече фолк-пејачката.

Потоа додаде дека менаџерот ѝ понудил поголем хонорар за да настапи, но таа одбила зашто како што рече: „Не постоеше за тоа оправдување, зошто правила се правила.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....