21:53 - 7 ноември, 2026

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

Пејачот видно нервозен ги навредуваше медиумите, упатуваше закани и испушташе чудни звуци, по што социјалните мрежи „почнаа да „горат“ од коментари.

Познатиот српски пејач Жељко Шашиќ направи невиден скандал на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, каде ги нападна собраните новинарски екипи со пцовки и навреди. Иако новинарите се обидоа љубезно да му постават прашања за неговиот настап, Шашиќ почна да беснее и да упатува закани.

„Јадни сте, имате бедна работа!“

Причината за неговиот бес, како што самиот кажа, е претходна дебата која тој ја почна во медиумите тврдејќи дека „сите на естрадата се дрогираат“. Очигледно му засметало што новинарите потоа ги анкетирале неговите колеги за таа изјава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Srbija Showbizz (@srbija_showbizz)

„Затоа што сте безобразни! Минатиот пат малку се шегував со вас, а вие потоа одевте кај пејачите да ги прашувате за тоа што сум рекол дека сите се дрогираат. Не разговарам повеќе со вас, догледање и пријатно! Одети следете некој друг, не ми требате во животот. Ех, каква јадна работа имате“, викал пејачот на аеродромот.

Пцовки наместо честитки
Кога еден од новинарите со насмевка му ја честитал Новата година, Шашиќ наместо со благодарност, возвратил со брутални пцовки:
„Ма каква Нова година! Ако навистина ми сакаш среќна Нова година, ајде да не ве гледам малку! Јо те живот во пи*, катастрофа!“, извикал тој пред камерите.

Социјалните мрежи во неверување
Снимката од неговото однесување веднаш стана вирална, а коментарите под видеото се немилосрдни. Многумина се прашуваат дали пејачот бил под дејство на некои супстанци поради неговите неконтролирани движења и чудни звуци.

„Дали е овој дрогиран?“, „Боже сочувај, целиот се искриви“, „Што му се случи на човеков?“, „Па тој самиот зборуваше дека сите се дрогираат, зошто сега се лути?“ – се само дел од коментарите на шокираните корисници.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....