8.8 C
Скопје
09:13 - 19 април, 2024

ФОТО: Како украдени од бајките – Величествени дворци кои треба да ги посетите оваа зима

Туристичките посети на дворците во Германија се актуелни во секое годишно време, а последните години посетата на овие најубави дворци во Европа е многу популарна и како место на кое се дочекува Нова година. Оваа година иако пандемијата на коронавирусот демне во светот, сепак овие дворци повторно собираат голем број на посети.

Бајковитите дворци кои ги граделе аристократите пред многу години, и денес го одземаат здивот кога ќе застанете пред нив, а замислете само какво воодушевување буделе кај луѓето кога биле создадени пред неколку векови.

Некои до нив биле инспирација за авторите на величествените дворци во бајките на Дизни, но и сценаријата и местата за снимање на филмови.

Доколку во посета на германските дворци одите во зима, веројатно ќе ве дочекаат идилични глетки, но ако имате среќа, ќе има доволно снег за навистина да имате доживување како од бајките.

Двореот Елц се наоѓа во близина на реката Мозел меѓу Кобленц и Трир. Елц е изграден во 12-тиот век и неговиот средновековен изглед е уникатен бидејќи сите војни го заобиколиле. Колекцијата која може да се види во него се смета за една од најдобрите во Европа, а во нејзините рамки има панцири и оклопи, златни и сребрени артефакти, накит, па дури и некои парчиња мебел од времето кога овој замок е изграден.

Лихтенштајнскиот дворец е изграден во текот на 19-тиот век во чест на средновековните витези на Лихтенштајн, на местото каде имало замок од 12-тиот век. Овој дворец е познат по колекцијата од оружје и оклопи, а посетителите ги воодушевува и камениот мост кој ги спојува замокот на врвот на една планина со друга.

Иако нема изглед како од бајките, дворецот Меспелбрун е еден од најпосетените во Германија. Овој замок во 15-тиот век бил дом на витези, а и денес е во приватна сопственост, но за среќа по туристите, сопствениците дозволуваат посети. Убавината на овој дворец лежи во неговата различност и тоа што еден од ретките кои се изградени на вода.

Дворецот во Кохем е обновен во 1868-ма година откако Французите во 16-тиот сосема го уништиле дворецот кој е споменат прв пат уште во 1130-година. Овој дворец се наоѓа на брдото над реката Мозел, а во него има богата колекција од ренесансен и барокен мебел.

Шверинскиот замок се наоѓа на езерскиот остров во Шверин, каде стои веќе 11 века. Овој замок имал различни намени, прво бил дом на династијата Макленбург, потоа факултет и музеј, а понекогаш служи и за заседанија на советот на сојузната држава на која припаѓа. Освен самиот величествен дворец, туристите доаѓаат тука во потрага по духот од 17-ти век.

Нојшванштајн е можеби и најубавиот дворец во Германија, и секако еден од најубавите во Европа. Овој дворец е изграден да биде убав, а не во одбранбени цели како и многу други. Секоја соба во Нојшванштајн има блескави лустери и уметнички слики, а третиот кат некогаш бил последен на лебедите од оперите на Вагнер, бидејќи Лудвиг Втори, некогашен сопственик, бил маѓепсан од нив.

Слични објави

Астропрогноза за петок, 19 април: За Близнаците нешто ново, за Рибите прилагодување на настаните

еспресо

Како земјотрес: Три хороскопски знаци ги чекаат големи промени на крајот на април

еспресо

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо
Се вчитува....