08:52 - 7 ноември, 2026

(Видео) Хрватските претставнички на Евросонг ја обработија легендарната евровизиска песна и ја подигнаа публиката на нозе – се огласи и Руслана

Групата „Лелек“, годинашните претставнички на Хрватска на Евросонг во Виена, го запалија интернетот со обработка на легендарна евровизиска победничка песна, а потоа се огласи и самата Руслана.

Два месеца пред Евросонг во Виена, хрватските претставнички направија потег што никој не го очекуваше, а кој ја крена на нозе евровизиската заедница.

Девојките ја обработија легендарната песна „Wild Dances“, со која украинската ѕвезда Руслана во 2004 година триумфираше на натпреварот и влезе во историјата како една од најзапаметените победнички. Обработката веднаш стана вирална, а коментари пристигнуваа од бројна европска евровизиска публика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

Но, над сите пофалби се истакна онаа од самата авторка на песната.

Руслана не го криеше своето воодушевување. „Ми се допаѓа, одлична работа“, им порача на девојките, а во друга порака додаде нешто што девојките од „Лелек“ сигурно нема да го заборават: „Не само што ја изведовте, туку навистина ја почувствувавте.“

 

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....