13:48 - 27 ноември, 2026

(Фото) Поранешниот свршеник на Јована Јеремиќ стана дедо! Качен на стол славел до зори

Поранешниот свршеник на српската водителка Јована Јеремиќ, Драган Станковиќ, ја сподели радосната вест со своите следбеници на социјалните мрежи, неговиот постар син Милош станал татко, се породила неговата снаа Марија. Тие станале родители на момче, на кое му го дале името Марко.

Новородениот внук веднаш ги освоил срцата на целото семејство, а гордиот дедо Драган не го криел своето воодушевување.

„Добредојде Марко“, имал напишано Драган на маицата што ја носел сосе фотографија од новороденчето.

Славењето по повод раѓањето на внукот било обележано со пригодна гала прослава, каде што атмосферата била дополнително збогатена со песните што ги извеле познатите пејачки Јована Типсин и Ана Јовановиќ, подигнувајќи го расположението до максимум.

Во објавата на социјалните мрежи, Драган нагласил колку му значи овој момент, додека сите присутни го прославија доаѓањето на нов член во семејството со песни, смеа и многу емоции. Семејството им се заблагодарило и на пријателите кои дошле да ја споделат нивната среќа.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....