22.8 C
Скопје
17:30 - 29 септември, 2026

Хороскопски знаци кои брзо можат да ви станат големи непријатели

Границата помеѓу љубовта и омразата е тенка, но таа станува уште потенка кај одредени хороскопски знаци.

Во зависност од тоа кога се родени, некои луѓе ќе ви замерат многу полесно од останатите, а ова се пет знаци на Зодијакот со кои е најлесно да станете непријатели.

Овен

Со непредвидливите Овни лесно може да се замерите во било кој момент, а кога ќе се случи тоа, од нив можете да очекувате „експлозивна” реакција. Ако се најдете на листата на нивни непријатели, можете да бидете сигурни дека за тоа ќе дознаат сите, но не треба да се плашите од одмазда бидејќи во тој случај едноставно ќе ве избришат од својот живот и ќе заборават дека постоите.

Фото: Профимедиа

Близнаци

Близнаците денес можат да бидат ваши најдобри пријатели, а веќе утре – најлоши непријатели. Ги карактеризира променлив нарав и брзоплетост во донесување на мислење за другите луѓе, а доколку ги повредите, сигурно ќе станете тема на нивните трачеви кои неретко се во состојба и да ги измислат.

Фото: Профимедиа

Лав

Лавовите сакаат да бидат омилени во друштвото, а доколку се најдете на нивната листа на непријатели, ќе направат сè што можат за да ве прикажат во најлошо светло пред останатите. Сепак, Лавовите не го мешаат професионалниот живот со личниот, па затоа се поголеми шансите дека ќе стекнат непријатели на работното место отколку помеѓу роднините и пријателите.

Девица

Девиците немаат многу пријатели и очекуваат дека нивното пријателство со оние кои ги имаат ќе трае цел живот. Се верува дека пријателството се темели на меѓусебната почит, а невозвраќањето на истата е најлесен начин да се замерат со некого. Кога Девиците ќе сфатат дека некој се дружи со нив само од некаква лична корист, таа личност веднаш и засекогаш ќе ја исклучат од својот живот.

Фото: Пиксабеј

Шкорпија

Шкорпиите тешко стекнуваат пријатели и се отвораат само пред оние луѓе на кои им веруваат во целост. Од личноста која ја нарекуваат „пријател” очекуваат да биде покрај нив до крајот на животот, но доколку еднаш ги изневерите или повредите, ќе стекнете непријател за цел живот.

Слични објави

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо
Се вчитува....