17.8 C
Скопје
14:47 - 18 октомври, 2026

ЧУДЕСНО РАСТЕНИЕ: Кантарионот ги ублажува и симптомите на депресија

кантарион

Кантарионот е познат како лек за разни заболувања. Расте на пасишта, ливади, карпести предели и цвета од мај до септември, во зависност од климата. Може да достигне висина до 60 см, има специфичен мирис, горчлив вкус и е богат со железо, етерични масла, смола, каротен, колин и витамин Ц.

Во последниве години, кантарион стана попопуларен како средство за ублажување на симптомите на депресија. Имено, постојат бројни научни студии кои потврдуваат дека хиперфоринот, важна состојка во кантарион, го спречува разградувањето на серотонинот, хормонот одговорен за доброто расположение. Благодарение на тоа, ова моќно растение ги ублажува симптомите на депресија и има позитивен ефект врз состојбата на нашиот дух.

Помага и при несоница

Мелатонинот, кој се лачи во телото за време на спиењето, исто така е присутен во кантарион, така што ова растение може да се користи и како ефикасен и природен лек против несоница.

Покрај тоа, кантарионот помага при проблеми со гастритис, чир на желудникот, болки во бубрезите, болести на слезината и мочниот меур, изгореници, хемороиди…

Хиперицинот, најважната активна компонента на кантарионот, е само уште едно од низата лековити својства на ова магично растение. Го спречува развојот на бактерии и вируси и на тој начин ги смирува воспалителните процеси во телото.

кантарион

Чај, масло, таблети, дури и вагиналети

Кантарион се користи во форма на чај, масло, капки, капсули, таблети, вагиналети… Чајот од кантарион е одличен за лекување на воспалителни и болни состојби на внатрешните органи. Освен ако не е поинаку наведено на пакувањето, чајот од кантарион се подготвува со 200 грама врела вода и малку сушено цвеќе и лисја од растението. Оставете го да отстои најмалку 10 минути и пијте го незасладено неколку пати на ден.

Од друга страна, ако кантарионот се користи за правење масло за изгореници и рани, ставете четири големи лажици цвет од кантарион во тегла и оставете да стои еден ден. Прелијте ги со литар маслиново масло, затворете ја теглата и оставете да отстои шест недели. Со добиенит балсам можете да лекувате рани, осип, изгореници, хемороиди…

Некои студии покажуваат дека кантарионот, исто така, го спречува развојот на малигни клетки, но овој ефект се уште не е клинички потврден.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....