17.8 C
Скопје
19:24 - 18 октомври, 2026

(Фото+видео) Евче покажа како си поминала на концертот на Кети Пери и Луис Капалди

Популарната водителка, инфлуенсерка и модел Евче Јовановска, омилена кај младата публика и позната со својот искрен и отворен пристап кога снима, на социјалните мрежи објави нов материјал кој привлече внимание.

Таа редовно објавува видеа од нејзиниот приватен живот на еден креативен начин, а овој пат Евче преку неколку објави на Инстаграм ни доловува како си поминала на годинашниот фестивал „Сани Хил“во Приштина.

Преку влог таа ни го покажува патот до таму од моментот тргнување од Скопје со „пежо“ со нејзиниот другар Мартрин, до распакувањето во студентскиот дом каде што биле сместени.

Фото: Инстаграм/Ева Јовановска

За првиот ден на фестивалот инфлуенсерката одбрала сребрен аутфит од глава до пети, одличен сребрен (металик) комплет составен од топ и мини здолниште, а го надополнила со каубојски сребрени чизми. Преубаво ѝ стои.

Не случајно е одбран овој аутфит, инспирација ми е последниот албум на Кети Пери – вели во видеото Евче.

Фото: Инстаграм/Ева Јовановска

При тоа додава дека си поминала незаборавно, пеела цело време, дека Кети ја воодушевила и како што вели за малку ќе го изгубела гласот.

И вториот фестивалски ден бил многу забавен, раскажува во друг влог Евче. Главна ѕвезда на вечерта бил Луис Капалди. 

Јас не знав дека му знам толку песни, ќе се расплачев, многу емотивен концерт – вели таа.

За вториот ден инфлуенсерката одново во секси издание во крем боја.

Фото: Инстаграм/Ева Јовановска

Слични објави

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....