19:58 - 27 ноември, 2026

(Фото) Посебен ден во домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Мајка му објави досега невидена фотографија од него

Семејството на српската фолка пејачка Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ има голема причина за славење. Сопругот на Александра Пријовиќ денеска го слави роденденот, а многумина би се согласиле со познатата изрека дека тој „старее како вино“.

Филип Живојиновиќ денеска го слави 41-от роденден, а веќе од полноќ честитките почнале да се нижат.

Прва на социјалните мрежи се огласила неговата мајка, Зорица Накиќ, која му честитала на својот син со емотивна порака: „Среќен роденден, сине, твојата мајка те сака бескрајно“, напишала таа, а потоа објавила фотографија од Филип од тинејџерскиот период, а коментарите дека згодниот Живојиновиќ бил преслатко момче продолжиле да се нижат.

 

А Борка Михајловиќ, мајката на Александра Пријовиќ, односно тешта на Филип, објавила негова фотографија со емотикон во форма на срце за да го одбележи овој посебен датум, со што уште еднаш покажала дека има хармоничен однос со својот зет.

Да потсетиме дека неодамна Филип и Александра уживаа во семеен одмор во Црна Гора со своите деца, каде што поминаа некое време на новата јахта на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, опкружени со семејството и пријателите.

Филип е син на Боба Живојиновиќ и Зорица Накиќ.

Слични објави

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.
Се вчитува....