10:44 - 7 ноември, 2026

(ВИДЕО) ЅИРНЕТЕ ВО ЛУСКУЗНАТА КУЌА НА НОВАК ЃОКОВИЌ ВО МАРБЕЉА: Вила од 10 милиони долари со девет соби, осум бањи, базени, кино сала, тениско игралиште….

По 15 години живеење во Монте Карло, Новак Ѓоковиќ со семејството се преселил во Марбеља, Шпанија, во декември 2020 година. Таму Ѓоковиќ купил луксузна вила, која според шпанските медиуми вреди 10 милиони долари. Вилата има девет соби, осум бањи, надворешен и внатрешен базен и специјални делови за рекреација и простории за гости.

Куќата располага и со простории за билјард, пинг-понг, но има и кино сала, како и теретана во која Ѓоковиќ ја одржува кондицијата кога престојува во Марбела. Секако, вилата има и тениско игралиште каде Новак редовно тренира додека е на одмор.

Вилата е опкружена со голем двор со палми, а инаку се наоѓа на само пет минути возење од центарот на Марбела. Сместена е во природа и има спектакуларен поглед на морето и планините.

Гласините веалат дека ова не е единствената куќа што ја поседува Новак, туку дека тој е сопственик и на неколку станови на некои од најлуксузните локации во светот – односно дека покрај станот во Монте Карло, има два стана на Менхетен, Њујорк, како и апартман во Мајами.

Во родниот Белград, според Телеграф, тој има пентхаус од 250 метри квадратни за кој наводно платил половина милион евра. Но и дека поседува стан за одмор во елитната населба Порто Монтенегро на Тиват, во вредност од околу 2,2 милиони евра.

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....