00:41 - 9 ноември, 2026

Славниот водител по 27 години брак и две деца објави дека е хомосексуалец! (ВИДЕО)

Британскиот телевизиски водител Филип Скофилд преку социјалната мрежа Инстаграм и соопшти на јавноста дека е хомосексуалец.

Водителот на најпопуларната британска емисија, утринската програма „This Morning“, 27 години е во брак со Стефани Лов, со која има и две ќерки.

„Со поддршка од мојата сопруга и моите ќерки го прифатив фактот дека сум хомосексуалец. Тоа предизвика бројни тешки разговори во нашиот дом. Во брак сум со Стефани речиси 27 години и имаме две прекрасни ќерки. Моето семејство ме одржа во живот, се обидуваа да ме развеселат, да ми дадат безусловна љубов и нежност, иако и самите се збунети. Но, и натаму не можам да заспијам и поминав некои навистина мрачни моменти. Конфликтот на она што сум длабоко во себе и надворешниот свет се намали. Денеска, и тоа со право, да се биде геј е причина за слава и гордост. Да, чувствувам голема збунетост, но причината за тоа е само болката која му ја нанесувам на своето семејство“, напиша тој.

Фото: Принтскрин

„Стефани беше неверојатна, многу ја сакам. Таа е најљубезната душа која сум ја запознал. Моите ќерки ме воодушевија со својата љубов, прегратки и охрабрувачки зборови за утеха. И моето и семејството на Стефани ме запрепастија со својата љубов, прифаќање и поддршка. Секако дека се загрижени за Стефани, но знам дека и на двајцата ќе ни помогнат да се кренеме. Моите пријатели се најдобри, посебно Холи, која беше толку љубезна и мудра. Не можев да се надевам на попрекрасен тим во однос на оној со кого работам на телевизија“, додава водителот во своето соопштение.

Скофилд својата кариера во медиумите ја започна во 1982 година, кога се вработи во радио во Нов Зеланд, а потоа доби работа во „Би-Би-Си“.

Пред 18 години Скофилд почна да води утринска програма, а повеќе од една деценија тој работи со Холи Вилохи.

„Никогаш не сум била погорда на својот пријател од денеска“, напиша таа на Инстаграм набргу по неговото признание.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....