11:32 - 29 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ СО СНЕЖНИ ВЕСТИ: Пак снег, еве кога!

– Како што најавивме, под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран, од утре па до самиот крај од оваа недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со засилен до СИЛЕН ветер од јужен правец и со повремени врнежи од дожд кој локално ќе бидат и ПОИНТЕНЗИВНИ. На некои места ќе има и развој на нестабилна облачност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи, СИЛЕН ВЕТЕР и услови за ретка појава на град.

За време на викендот, и тоа во западните планински предели врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски. 

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 20 степени. И во Скопскиот регион, од утре па натаму следува период на променливо облачно време со засилен ветер од јужен правец и со повремени врнежи од дожд. Повремено ќе има услови и за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 21 степен.

Слични објави

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо
Се вчитува....