5.8 C
Скопје
03:46 - 19 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Температури до 15 степени, проверете кога

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Во попладневните часови во западните предели ќе има услови за слаб локален дожд и снег на планините. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Според Попоски, утре ќе имаме пооблачно време со повремени локални врнежи од дожд и снег на планините. Ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Во деновите потоа пак ќе имаме претежно стабилно и суво време со многу повеќе сончеви периоди. Што се однесува до температурите, минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Поголем пораст на максималните температури ќе има од четврток па натаму, и тогаш истите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени и ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО над просекот за овој период од годината.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....