12:29 - 8 ноември, 2026

НАОМИ ОТВОРЕНО ЗА ВОГ: Ќерка ми е најголемиот благослов

наоми кембел

Наоми Кемпбел позираше со својата ќерка за британското издание на модниот магазин „Вог“. Таа по тој повод проговори за зачнувањето на детето и мајчинството.

 

 

„Моето девојче не е посвоено. Таа е мое дете. На прстите од едната рака можам да избројам колку луѓе го знаеа тоа. Таа е мојот најголем благослов и најдоброто нешто што ми се случило“, изјавила Наоми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

„Таа е добра девојка. Добро спие, едвај плаче и е многу активна. Многу се смее. Само чекам да почне да зборува“, ВЕЛИ манекенката за својата ќерка додавајќи дека ѝ купува само дизајнерска облека.

Имено, откако минатата година манекенката објави дека станала мајка, многумина беа изненадени. Претходно не навести дека чека бебе, ниту пак се знае дали е во врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

Се шпекулираше дека ќерката на Наоми е родена од сурогат мајка. Но, славната манекенка тоа никогаш не го потврди ниту го откри идентитетот на таткото на нејзината ќерка.

„Црниот пантер“ во последните години во интервјуа нагласува дека ги обожава децата и сака да се оствари во улогата на мајка. Манекенката уште во 2017 година изјави дека размислува да стане мајка, но не брза да го постигне тоа.

„Постојано размислувам за тоа кога ќе имам деца. Но сега, со оглед на науката, мислам дека можам да го правам тоа кога сакам“, рече таа.

 

 

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....