25.8 C
Скопје
11:24 - 8 септември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НИ НОСИ УБАВИ ВЕСТИ: Еве кога доаѓа пролетното време

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди кој на некои места ќе бидат и подолги. Повеќе облачност и тоа особено попладне и навечер ќе има во јужните и во југоисточните предели каде ќе има услови за локални слаби врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од североисточен, додека во југоисточните предели од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност и тоа особено попладне. Ќе дува умерен ветер од источен и од североисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.

Според Попоски, во следните денови времето ќе се задржи претежно стабилно и суво со подолги сончеви периоди. Исклучок ќе биде вторник кога ќе има нешто повеќе облачност и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Ќе биде и ветровито, односно ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец и истиот најизразен ќе биде во вторник. Што се однесува до температурите, минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите понатаму понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 10 степени.

Поголемо затоплување на времето и продор на топла воздушна маса од југ се очекува од средината на следната недела па натаму.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ носеше фустан вреден 2.400 евра на роденденската прослава

Еспресо

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.

Тага и солзи: Росана со лична приказна за Маријана

Еспресо

Дневен хороскоп за 8 септември: Не избрзувајте во донесување на одлуките

apostolova

Ана Бекута по 12 години го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој би можел да ја замени

Еспресо

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо
Се вчитува....