12:09 - 8 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Ништо од пролетта, засега…

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и СВЕЖО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните предели засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски и во следните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, минималните и тоа особено утре наутро на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, додека максималните во текот на следните денови ќе бележат тенденција на пораст.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....