12:20 - 8 ноември, 2026

Зеленски: „Уверен сум дека Украинците ќе прифатат мир и покрај ужасите на кои беа сведоци“, „ни треба оружје за борба“, „не можеме да се бориме за прашина ако нема луѓе!“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера даде интервју за „Асошиејтид прес“ во кое изјави дека е целосно посветен на постигнување мир и покрај злосторствата извршени од руските сили, за кои светот дозна во последниве денови.

Зеленски се појави во вообичаената воена облека што му помогна да изгради имиџ на борец, водач на својот народ; а интервјуто е реализирано во комплексот на претседателските канцеларии во Киев. Анализирајќи ја воената ситуација, тој нагласи дека силите што го бранат Донбас и пристанишниот град Мариупол имаат многу важна улога и дека токму на источниот фронт претседателот очекува нов бран судири, по реорганизацијата на руската армија која се повлече од териториите северно од Киев и затоа бара од западните земји ново оружје.

„Борбата е неопходна“, продолжи украинскиот претседател во интервјуто, „Мораме да се бориме, но да се бориме за живот. Не можеме да се бориме за прашина ако нема ништо и нема луѓе. Затоа е важно да се запре оваа војна“.

Зеленски рече дека е уверен дека Украинците ќе прифатат мир и покрај ужасите на кои беа сведоци во војната која трае повеќе од шест недели, како што се злосторствата во Буча, но и покрај надежите за мир, тој признава дека мора да биде „реален“ за изгледите за брзо решение, имајќи предвид дека преговорите досега беа ограничени на разговори на „ниско ниво“ зашто во преговите не е вклучен рускиот претседател Владимир Путин.

„Никој не сака да преговара со личност или лица кои ја мачеле оваа нација. Се е разбирливо. И како човек, како татко, го разбирам ова многу добро, но не сакаме да пропуштиме можности, доколку ги имаме, за дипломатско решение“, вели Зеленски.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....