5.8 C
Скопје
01:28 - 26 април, 2024

Што ќе им донесе МЕРКУР ВО БИК на хороскопските знаци: Од ДЕНЕС – за да успеете – гледајте ги соговорниците право во очи!

Меркур во Бик е мудар, има практичен разум и нос за бизнис, а ќе престојува во соѕвездието Бик од денес (11.април) до крајот на април, поточно до 30. април. 

Меркур во Бик не се чувствува баш комотно, за разлика од громовите на Меркур во Близнаците, кога е во Бик – тој не се изразува лесно. Можеби затоа што му е потребно подолго време за да ја одмери и оцени секоја реченица. Ниту, пак, е остар како сечиво и непобедлив кога престојува на пример во Шкорпија.

Меркур во Бик, од друга страна, е од сосема поинаков вид, или подобро кажано, обдарен е со практична смисла и ненадмината меморија. Меркур во Бик е мудар и надарен со здрав разум – не е луд како кога престојува во Риби – напротив, а кога зборува, не користи снобовски речник (како кога престојува во Вага), туку е директен и гледа право во очи. И што е најдобро – во оваа поставеност има неверојатен нос за бизнис.

Ќе бидете многу бавни и ќе ви треба добра причина да започнете некоја работа, но штом ќе ја почнете –  тогаш ништо нема да ве поколеба бидејќи ќе одите до крај. Во сè ќе гледате некаква пресметка и интерес, а доколку тоа одговара на вашите долгорочни планови, ќе бидете подготвени за акција.

Ако одите на патување, ќе сакате тоа да биде удобно, пријатно, а веројатно ќе купите и грицки и пијалоци за патувањето. Доколку сте решиле да купите нов автомобил, ќе се одлучите за поскапа, полуксузна и удобна варијанта.

Знаењето што го стекнувате овие денови може да биде долготрајно.

Најчести теми за разговор во овој период на прво место ќе бидат парите и заработката, новите цени, поскапувањата, луксузот, храната, селото и земјоделството, природата, музиката и фудбалот.

Под влијание на Меркур во Бик, ќе сакате да поминувате повеќе време во природа – парк, излетничко место, село, вашиот двор или шума.

Децата ќе поминуваат повеќе време во природа, а доколку се помали, задолжително организирајте патување, пикник или посета на роднините кои живеат на село. Затоа ќе забележите дека деновиве им е зголемен апетитот.

Идеален период е за развој на земјоделството (набавка на машини потребни за вршење на земјоделски работи) или инвестирање во производство на микро ниво. Особено помладите ќе размислуваат за засадување градина и сите повеќе ќе се свртат кон подароците од земјата.

Инаку, натален Меркур во Бик имаат Џорџ Клуни, Ума Турман, Ема Вотсон, Џон Кенеди, Расел Кроу, Џесика Алба, Пенелопе Круз, Џек Николсон, Клинт Иствуд, Салвадор Дали, Пирс Броснан, Шер, Меланија Трамп и други.

 

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....