16:23 - 8 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Еве кога ќе му се радуваме на снегот!

– Како што претходно најавивме, утре во текот на денот времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево. Особено во западните предели ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени. Под влијание на влажен и студен воздушен бран, во текот на утрешната ноќ, како и во петок ќе има врнежи од снег. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините истата ќе се зголемува. Мала снежна покривка ќе се формира и на другите места, освен во Повардарието и во југоисточните предели – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Потоа слаби локални врнежи од снег ќе има и за време на викендот, а ќе дува и умерен, dолж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро температурите и тоа особено за време на викендот понекаде ќе се спуштат и под -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до само 2 степени.

– И во Скопскиот региoн во текот ан утрешната ноќта, како и во петок ќе има повремени врнежи од снег. Ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Потоа за време на викендот се уште локално ќе има услови за провејување на снег. Температурите наутро ќе се спуштаат до близу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу -1 и 0 степени. Одсега гледано, многу студеното време ќе се задржи и во текот на следната седмица – заклучува Попоски.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....