13.8 C
Скопје
20:36 - 19 октомври, 2026

КРИСТИЈАН ЛАЗАРЕВ: Читачот „Кико“ може да го олесни животот на лицата со оштетен вид!

Ве запознаваме со Кристијан Лазарев кој има целосно оштетен вид, но дипломирал на Филолошкиот факултет при УКИМ, а работи и како проект-асистент во здружението „Отворете ги прозорците”.

фото- приватна архива

Кристијан заедно со Ертај Шашко учествувале во изработка на гласот „Кико“, дел од дигиталната апликација – аудиочитач „Кико“, со која текстуалните содржини се претвораат во аудиосодржини, а се олеснува комуникацијата и функционирањето на слепите лица.

Животниот предизвик како лица со оштетен вид бил еден од мотивите на Кристијан Лазарев и Ертај Шашко да им овозможат на другите со ваква попреченост полесно да го почувствуваат духот на пишаниот збор и на книгата.

– Апликацијата Кико претставува еден дигитален софтвер, кај нас популарно се вика аудио читач, а во светски рамки се нарекува text to speach – апликација за текст во говор. Апликација или софтвер кој го претвара текстот во аудио звучна форма, и станува збор за дигитални текстови, дигитални содржини. – објаснува Кристијан.

Кристијан и Ертај биле ангажирани од избраната компанија како напредни корисници на читачи на екран за контрола на квалитетот на гласот „Кико“.

фото- приватна архива

– Ние останавме последната држава од Балканот немајќи ваков аудио читач. Со Ертај се запознавме 2020 година, на 28 години го изгубил видот,  Ертај е инженер по информатички технологии. Кога се запознавме јас му кажав дека сум лингвист и двајцата заклучивме дека ова е нешто што можеме да го направиме. Оваа алатка е изготвена преку Министерството за труд и социјална политика, а заедно со УНДП и Националниот сојуз на слепи лица на Македонија, по најсовремени стандарди и со поддршка од експерти специјализирани за изработка на говорни синтези со искуство во неколку говорни подрачја. Апликацијата е бесплатна и достапна за мобилни телефони со „Андроид“, како и во десктоп-верзија за персонални компјутери, а ќе може да се користи без интернет-поддршка.- раскажува Кристијан.

И Кристијан и Ертај се од почеток во проектот за создавање на компјутерскиот глас „Кико“. За македонскиот јазик, „Кико“ е прв компјутерски глас, но сега откако ја имаат базата, се надеваат дека за брзо време ќе промовираат и нареден,а ќе направат и женски глас.

– Луѓето се уште не се свесни колкаво е значењето на оваа апликација. Употребата не е ограничена само за слепите лица, туку за сите, за лицата со дислексија, за оние кои имаат потешкотии во говор, за учениците и студентите. Потенцијалот е огромен и во следните 5 до 10 години, колку што е предвидено овој софтвер да е оперативен, може да се сменат животите на подобро на повеќе од половина милион луѓе и тоа само во нашата држава. – вели Кристијан.

Кристијан и Ерај се само двајца од многуте кои имаат оштетен вид. Но се двајца кои работат за да понудат реални и остварливи решенија за постоечките проблеми. Сите ние  мораме да работиме на развојот на повисока свест помеѓу луѓето за лицата со попреченост.

фото- приватна архива
фото- приватна архива
фото- приватна архива

Слични објави

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо
Се вчитува....