17:52 - 30 јули, 2026

САЊА ВУЧИЌ ЗА ВРСКАТА МЕЃУ АНАСТАСИЈА РАЖНАТОВИЌ И ГУДЕЉ: Не пиеме кафе заедно, ама ја познавам!

Се огласи девојката која се поврзуваше со Немања Гудељ.

Сања Вучиќ за Информер ги откри сите детали за врската со Немања Гудељ, кој се испостави дека е веќе еден месец во врска со Анастасија Ражнатовиќ.

Според медиумите, Сања и Немања биле во врска шест месеци, а раскинале пред еден месец кога Ражнатовиќ и Гудељ ја започнале врската. Во тој момент медиумите објавија дека Сања била таа што решила да ја прекине врската со Немања, а сега пејачката откри што се случувало:

– Знам зошто ми се јавувате и отворено ќе кажам дека нема потреба да бидам лута или разочарана бидејќи јас и Немања сме само пријатели. Многу се сакаме, го познавам целото негово семејство – изјави Сања Вучиќ, членката на „Хурикејн“ за Информер, која тврди дека Гудељ и таа се во добри односи, но сепак негира дека биле во врска.

– Не раскинавме затоа што не бевме ни во врска, но во последно време не се слушавме бидејќи и двајцата имаме многу обврски. Но, останавме во добри односи, зошто да не – продолжи Сања, тврдејќи дека Гудељ и таа се само пријатели.

Сања имала само пофални зборови за Анастасија со која би сакала да сними дует:

– Зошто да не, никогаш не било спорно дека нешто можеме да снимиме. Важно е на двете да ни легне песната. Јас и Анастасија се познаваме, не пиеме кафе заедно, но се познаваме – искрено изјавила Сања за Информер додавајќи дека моментално е сама и дека тоа и одговара поради обврските:

– Година и пол сум сама, се посветив на себеси и мислам дека тоа се гледа. Имам многу работа и сега вака ми одговара, се фокусирав на работата. Што се однесува до љубовта, јас сум млада, има време – заклучи членката на „Хурикејн“.

Во меѓувреме, Анастасија на своето стори на Инстаграм споделува фотографии и видеа од Севиља и од дружењето со сестрата на Гудељ.

Слични објави

(Фото) Длабоко деколте во црн атрактивен фустан: Слобода Миќаловиќ воодушеви со стајлингот

Еспресо

„Трета средба со Варшава, но пак немав среќа да ја видам сончева“: Каролина Гочева од дождливите улици на Полска

Еспресо

Елена Ристеска ги разнежни следбениците со прекрасни фотографии: „Мојата внука и јас, си пееме“

Еспресо

(Фото) Понекогаш е доволен само еден фустан за вечерта да стане незаборавна – ќе го најдете во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

„Да не беше музиката, ќе бев мртов до 25 години“: Десингерица отворено за пороците и животот пред славата

Еспресо

(Фото) Ќерката на Соња Тарчуловска блесна во впечатлив летен стајлинг – Мелани воодушеви со новите фотографии

Еспресо
Се вчитува....