10:28 - 7 ноември, 2026

Работен ден од соништата: Ќе се воодушевите кога ќе видите со кого Арнолд Шварценегер дојде во канцеларија (ВИДЕО)

Арнолд Шварценегер (72) е познат како голем љубител на животните, а неговиот најнов потег ги воодушеви фановите ширум светот.

Имено, славниот актер на работа ниту помалку ниту повеќе донесе магаре и пони, а снимката ја сподели на Инстаграм со своите следбеници.

Иако познатиот Терминатор има огромни возила, како „хамер“, тој одлучи до канцеларијата да ги прошета своите миленици на поводник.

View this post on Instagram

This time I brought LuLu too.

A post shared by Arnold Schwarzenegger (@schwarzenegger) on

Преслаткото магаренце Лулу веднаш ги освои сите вработени кои го мазеа и хранеа, но ништо помалку слатко не беше ниту пони коњчето. Актерот за нив подготвил и послужување, па така и магаренцето и пони коњчето можеа да уживаат во разни грицки.

На симпатичната снимка се гледа како магарето и пони коњчето нушкаат по канцеларијата додека актерот ги мази и се смее од милост.

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....