12:54 - 29 ноември, 2026

Познат рапер убиен во вила во Лос Анџелес

Полицијата во Лос Анџелес за медиумите соопшти дека во вила во Лос Анџелес е убиен маж, за време на вооружен грабеж, меѓутоа тие не го открија неговиот идентитет. 

Веднаш по ова, сите светски медиуми објавија дека се работи за 20-годишниот рапер Поп Смоук, роден во Бруклин.

Двајца непознати маскирани напаѓачи провалиле во домот на 20-годишниот пејач во раните утрински часови.

Напаѓачите истрелале неколку куршуми во него, а потоа побегнале од местото на злосторството.

Полицијата соопшти дека лицето било однесено во болница, каде докторите констатирале смрт.

Се уште не е познат мотивот за убиството на младиот рапер.

На социјалните мрежи, многумина веќе се збогуваат со пејачот чие вистинско име е Башар Барака Џексон, меѓу кои Бела Хадид, Наоми Кемпбел, Травис Скот, Ники Минаж…

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....