16:52 - 15 ноември, 2026

Нејмар му ја „украде“ девојката на Малума: Славниот фудбалер во врска со ќерка на угледен бизнисмен од Загреб?

Бројни светски медиуми се прашуваат дали Нејмар и убавицата со хрватско потекло всушност ја потврдија својата врска, откако на Инстаграм еден со друг се нарекоа партнери во злосторство, а таблоидите веднаш почнаа да пишуваат дека тие веќе некое време се заедно.

Наталија Барулих е поранешна балерина и манекенка која се појавуваше на насловните страници на многу престижни светски весници.

Наталија е родена во Калифорнија, но има хрватско потекло по нејзиниот татко, за кој „People“ пишува дека е угледен бизнисмен од Загреб.

Фото: Нејмар и Наталија

Медиумите пишуваат и дека откако Наталија прекинала со колумбискиот пејач Малума, веднаш се создале тензии помеѓу фановите на Нејмар и фановите на пејачот.

Таблидите пишуваат дека Наталија го изневерувала Малума со славниот фудбалер, но таа ги демантираше овие тврдења.

Во интервју за еден шпански медиум, згодната Наталија рече дека Нејмар и е само пријател, па ги обвини медиумите за ширење на лажни вести. 

Слични објави

(Фото) Српскиот голман со сопругата ужива во одмор во сребрена капсула за 2.500 евра по лице – само за една ноќ: Еве за што станува збор

Еспресо

Тројна прослава во семејството на Кнез – И тој и ќерка му ќе прават свадба, а ова е третата посебна причина за славење

Еспресо

(Фото) „Камерите се гасат, ама нашата приказна допрва ќе се слушне!“ — заврши снимањето на филмот за Слаткаристика

К.С.

Пред да почне работната недела — пет навики што ќе ви помогнат да седите помалку на работа

К.С.

Сузана Манчиќ крие диплома од Правен факултет: „Татко ми беше новинар, мајка ми сопран, а сите беа зачудени што завршив на естрадата“

Е.А.

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.
Се вчитува....