Пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез се појави на концертот на колешката Александра Радовиќ во Белград, а друштво му правеше неговата невенчана сопруга, од која не се одвојува.
Тој откри дека во годината што доаѓа ги очекуваат три големи семејни прослави.
„Тука е мојата поубава половина, покрај мене. Со сите од естрадата сум во одлични односи, Александра е моја голема пријателка, се запознавме уште во 1999 година во студио. Таа има еден од најдобрите вокали, таа е вистинска пријателка, навистина. Александра е искрена кога станува збор за музичката критика, го ценам тоа кај неа, ми се допаѓа нејзиниот пристап“, рекол најпрво Кнез за српските медиуми.
Пејачот потоа откри и како неговата ќерка се снаоѓа во улогата на мајка.
„Ксенија е одлично, малата Матеа е супер, има свој ритам. Таа е прекрасна, грижлива мајка. Речиси секој ден сум со внуката. Менувам пелени, го капам бебето, сето ова ме врати во времето кога Ксенија и Андреа беа мали. Не очекував дека зетот ќе биде толку грижлив и дека ќе знае да направи сè околу бебето… Воопшто не се плаши да го земе детето во раце“, додал тој.
„Во семејството постојано бараме поводи за славење. Следната година веројатно ќе има и моја свадба и свадба на Ксенија. А и крштевка, сè во пакет! Многу сме благодарни“, открил Кнез.
