14:02 - 15 ноември, 2026

(Фото) „Камерите се гасат, ама нашата приказна допрва ќе се слушне!“ — заврши снимањето на филмот за Слаткаристика

Заврши снимањето на „Слушни ме!“, долгометражниот музички документарец за Марко Маринковиќ – Слаткаристика и неговото искуство со пелтечењето.

Екипата го одбележа последниот снимачки ден со објава на официјалниот профил на филмот на Инстаграм, во која се гледаат членовите на тимот седнати во училишни клупи.

„Камерите се гасат, ама нашата приказна допрва ќе се слушне!“, напиша екипата, заблагодарувајќи им се на соработниците од „ОХО продукција“.

Фото: Инстаграм/Слаткаристика

Филмот го следи Слаткаристика од детството до музичката сцена и го истражува начинот на кој музиката му помогнала слободно да се изразува. Неговата лична приказна е испреплетена со сведоштва, работилници со деца и играни сцени, преку кои документарецот ги отвора прашањата за предрасудите и за искуствата на младите што пелтечат.

Режисер е Радован Раша Петровиќ, сценариото е на Кристина Ризоска, а филмот е копродукција на „ОХО продукција“ и „Иноватива груп“. Поголемиот дел од оригиналната музика е дело на Лазар Цветковски. За документарецот, песни на Слаткаристика добиваат и оркестарски изведби, снимени во студиото „Фејмс“ во Скопје.

Во мај, Агенцијата за филм одобри 1,5 милиони денари за проектот. На 2 јуни, Слаткаристика објави дека тимот одлучил да го реализира филмот без тие средства. Тогаш појасни дека поддршката била одобрена за документарецот и дека тој лично ниту побарал ниту добил пари.

Слични објави

Пред да почне работната недела — пет навики што ќе ви помогнат да седите помалку на работа

К.С.

Сузана Манчиќ крие диплома од Правен факултет: „Татко ми беше новинар, мајка ми сопран, а сите беа зачудени што завршив на естрадата“

Е.А.

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.

Појадок што мириса на пита со јаболка — рецепт за крцкав тост со рикота и цимет

К.С.

Хороскоп за 15 ноември: Скорпии, ќе се чувствувате мотивирани за нови работи

apostolova
Се вчитува....