Ана и Предраг Рајковиќ, кои живеат во Саудиска Арабија каде што српскиот голман игра за клубот Ал Итихад, го поминуваат одморот на приватен остров во Црвеното Море.
Ана сподели фотографии од ова патување на социјалните мрежи кои потсетуваат на сцени од најскапите туристички каталози, а посебно внимание привлече тиркизното море, приватните базени и сместувањето кое буквално лебди над водата.
View this post on Instagram
Двојката престојува во ексклузивниот ресорт „Шебара“, едно од најнеобичните луксузни одморалишта во тој дел од светот. Ова место е најпрепознатливо по своите футуристички вили во форма на огромни сребрени капсули чии површини светат како огледало, рефлектирајќи ги боите на небото и морето.
Комплексот има вкупно 73 луксузни вили, од кои 38 се наоѓаат над водата, додека останатите 35 се сместени покрај плажата.
На фотографиите што ги објави Ана Рајковиќ се гледаат раскошните тераси, базени кои визуелно се спојуваат со морето и поглед на бескрајното синило, а на гостите во рамките на одморалиштето им се достапни ексклузивни ресторани, спа центар и бројни активности на море.
Престојот во таков амбиент со себе носи и големи трошоци. Според објавените цени, ноќевање во вила над вода може да чини околу 2.900 долари, односно приближно 2.500 евра, без одредени дополнителни такси, додека за поголемите вили цената може да надмине 4.900 долари по ноќ, во зависност од термините и условите на резервацијата. Ова значи дека само три ноќевања во една од овие вили би можеле да чинат повеќе од 7.000 евра, без вклучени дополнителни трошоци.
