Македонскиот рапер Давид Даниловски, познат како Јанг Дади, го одбележа својот 25. роденден со фотографија на Инстаграм.
Изведувачот на „Лидија“ позираше во кошула со крената чаша, а во описот им се заблагодари на сите што му го честитаа роденденот.
„четвртина век, благодарам на честитките, ве сакам“, напиша Јанг Дади.

Неговите пријатели и соработници му честитаа со заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Меѓу оние што јавно му посакаа среќен роденден беа Тамара Тодевска, Катарина Ивановска, Миа Костова и Луна Бејков.
