Пејачката Јелена Карлеуша и нејзиниот поранешен сопруг, поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, повторно се следат на социјалната мрежа Инстаграм. Ова го привлече вниманието на нивните бројни следбеници, а зад промената, наводно, стои нивната постара ќерка Атина.

„Атина веќе извесно време се обидува да влијае односите во семејството да бидат што подобри. Нејзе ѝ е многу важно родителите да бидат во добри односи и меѓу нив да нема тензии. Таа инсистирала Јелена и Душко повторно да се следат на Инстаграм, бидејќи смета дека и таквите мали чекори можат да придонесат за подобрување на нивниот однос“, изјавил за „Информер“ извор близок до семејството.
Како што дополнително навел изворот, Јелена и Душко се свесни колку на нивните ќерки им значи во семејството да владеат мир и разбирање.
Поради тоа, се трудат желбите на своите деца да ги стават на прво место.
„И двајцата многу ги сакаат своите ќерки и прават сè за да бидат среќни. Атина сака односите во семејството да бидат што подобри, а родителите се подготвени да направат одредени компромиси за да ѝ го овозможат тоа. Најважно им е девојчињата да растат во здрава атмосфера и да знаат дека, без оглед на сè што се случувало меѓу нив двајца, секогаш можат да сметаат на двајцата родители“, заклучил изворот за споменатиот медиум.
