18.8 C
Скопје
17:22 - 26 април, 2024

Моравме да чекаме два месеци за да дознаеме дали сме добиле син или ќерка

Луѓето ме прашуваа како се вика и дали е момче или девојче, а јас не знаев што да им кажам…

Откривањето на полот на бебето е еден од најрадосните моменти за родителите. Без оглед дали тоа ќе го дознаат преку ултразвук или на самото породување, многу родители тој момент го паметат засекогаш.

Сепак, Џесика Гоноринг морала да чека два месеци од раѓањето на своето дете за да дознае дали тоа е машко или женско.

Нејзиното бебе е родено со ретко пореметување кое предизвикало малформација на гениталиите, поради што докторите не можеле да го потврдат полот на новороденчето.

Триесет-годишната мајка од Бразил на своето бебе не можела да му даде ниту име се додека генетскиот тест не открил дека станува збор за девојче.

фејсбук

До тој момент Џесика ја нарекувала Емили бидејќи била убедена дека родила девојче, и била во право.

фејсбук

Мајката за една ТВ емисија изјавила дека докторите и пред раѓањето ја предупредиле за неодреденоста на полот на бебето.

– Кога бев бремена со својата прва ќерка Агата (6), полот го дознав додека бев бремена. Во текот на втората бременост докторите ме предупредија дека е можен деформитет на половиот орган. Ми кажаа дека можеби подоцна ќе дознаеме дали е момче или девојче. Нашата Емили е родена со деформитет кој го зафаќа уринарниот систем, мочниот меур и цревата и предизвикува малформација на гениталиите, објаснила мајката.

фејсбук

Точната причина за овој деформитет не е позната. Педијатарот Линколн Рор вели дека Емили е родена без целосно формирани женски органи. Докторите морале да направат генетско тестирање кое било единствениот начин да се одреди полот на бебето.

– Чекањето беше многу стресно. Луѓето ми приоѓаа и ме прашуваа како се вика и дали е момче или девојче, а јас не знаев што да им кажам, се присети Џесика.

фејсбук

Малечката Емили ја очекуваат уште многубројни операции, особено во адолесцентниот период.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....