16.8 C
Скопје
07:10 - 9 септември, 2026

Меган и Хари се плашат за титулите на своите деца и прават промени во сценариото на нивниот документарец

По смртта на кралицата Елизабета Втора, принцот Хари и Меган Маркл се обидуваат да направат промени во документарниот филм кој ќе раскажува за нивниот живот во кралското семејство, пренесува „Пејџ сикс“.

Војводата и војвотката од Сасекс работат на документарен филм повеќе од една година како дел од повеќемилионскиот договор со Нетфликс.

Раководителите на проектот се надеваа дека документарецот ќе го емитуваат во декември, веднаш по премиерата на петтата сезона на „Круната“ (The crown). Пред некој ден, испливаа информации  дека Хари и Меган сакаат итно да направат промени во документарниот филм и да го одложат неговото објавување до 2023 година. Изворот за „пејџ сикс“ појасни дека војводите од Сасекссакаат да отстранат од филмот некои од моментите во кои зборувале за кралот Чарлс, кралицата Камила, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон.

Повеќе експерти за кралското семејство веруваат дека желбата на Хари и Меган да направат промени во сценариото се должи на фактот што тие не сакаат да ги ризикуваат титулите на нивните деца, бидејќи претходно беше најавено дека кралот Чарлс Трети ќе се воздржи да донесе одлука за ова прашање до објавувањето на сите медиумски проекти на Меган и Хари.

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....