13:53 - 7 ноември, 2026

Славчо Попоски најавува дождови и пад на температурите

– Времето и понатаму ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а утре повремено засилен ветер од југозападен правец. Под влијание на брз влажен воздушен бран од запад утре навечер и во текот на ноќта кон недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Веќе од недела како и во почетокот од следната недела ќе биде постабилно и со повеќе сончеви периоди а ќе дува и ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец кој ќе услови ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПАД на температурите. Тогаш истите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

И во Скопскиот регион утре навечер и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд и можност за појава на грмежи. Температурата ќе се искачува до околу 26 степени, додека од недела па во почетокот на следната недела истите ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 23 степени.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....