16.8 C
Скопје
15:37 - 25 септември, 2026

Илон Маск прв на листата на Форбс на најбогати Американци, лоши вести за основачот на Фејсбук: Кои се „најтешките“ топ 10

Лоши вести за основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, кој не е меѓу првите 10 оваа година.

Основачот на Tesla и SpaceX – за прв пат досега – Илон Маск е на врвот на годишната листа на Форбс на 400 најбогати американски бизнисмени, соборувајќи го поранешниот извршен директор на Амазон, Џеф Безос, кој го држеше првото место четири последователни години. Годинава Безос е втор на листата, веднаш зад Маск.

На третото место е основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, и покрај 20-те милијарди долари донации.

Маск е за 60,5 милијарди долари побогат оваа година благодарение на растот на акциите на Tesla за 11% и новите кругови на финансирање на SpaceX, додека Безос беше погоден од пад на акциите на Amazon за 27%.

Следат на четвртото место основачот на Oracle, Лери Елисон, а потоа и Omaha Oracle Ворен Бафет и Лери Пејџ, основачот на Google.

Но, за прв пат од 2015 година, основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, е надвор од „топ десет“ најбогати во Америка, односно тој е на 11-то место. Од септември 2021 година изгуби повеќе од половина од своето богатство – неверојатна бројка од 76,8 милијарди долари – со колапсот на акциите на Мета (-57%).

Генерално, американските богаташи оваа година се помалку богати од лани. Според Форбс, „како и многу Американци, 400-те најбогати луѓе во земјата се погодени од забавувањето на берзата. Збирно, тие се за 11% „посиромашни“ од пред една година. Сепак, добро им оди, за вкупна вредност од 4 трилиони долари, 1 трилион (1.000.000.000.000) долари повеќе отколку што „тежеа“ есента во 2019 година, непосредно пред пандемијата“.

Ова е првпат по Големата рецесија ултрабогатите во Америка да не се побогати од претходната година. И минималната нето вредност потребна за приклучување на листата, исто така, падна за 200 милиони, на 2,7 милијарди долари.

Слични објави

Ана Бекута искрено за односот со Цеца Ражнатовиќ – откри зошто ја отследила од Инстаграм

Еспресо

(Фото+видео) Наташа Беквалац до зори го славеше 46. роденден – меѓу гостите беше Пријовиќ која ѝ запеја на славеничката

Еспресо

Ова се новите евровизиски претставници: Лила Филиповска ги најави двата нови албума на „Бендот на браќата Нуне“

М. Џ.

Моминска вечер што ќе се памети – Резервирајте термин во Villa Diva и прославете со стил

Еспресо

(Видео) „Би сакал да ги кријам партнерите но не ми успева“: Сергеј Варошлија искрено за љубовта

Еспресо

Катарина Лазиќ на удар поради здравиот живот: „Почни да пиеш како Дарко, да не најде некоја слична на себе“

E.A.
Се вчитува....