01:09 - 31 јули, 2026

Рекордни суми за часовниците на Џејмс Бонд што ги носел Даниел Крег

Аукциите на часовници за 60-годишнината на агентот 007 постигнаа рекордни бројки. 

Да, Џејмс Бонд полни шеесет години само еднаш, но никој не би ни замислил дека часовниците Омега што тајниот агент 007 ги носел за потребите на неговиот последен филм, достигна толку импресивни бројки.

Богатите колекционерски фанови на 007 покажаа огромен интерес за двата Омега часовници што ги носеше Даниел Крег во „Нема време за умирање“ (2021). Часовниците се појавија на аукција како дел од хуманитарната продажба Шеесет години Џејмс Бонд – претставена од ЕОН Продукција и Кристис.

Синоќа, на аукцијата во живо, страсните колекционери понудиле вртоглави суми за часовниците, но не само за нив, туку и за реквизити и костими, од кои повеќето се поврзани со 25-тиот филм на Бонд, „Нема време за умирање“.

Така, моделот Seamaster Diver 300M 007 Edition беше продаден на аукција за рекордна сума од 226.800 фунти, што е еднакво на околу 253.400 евра по денешниот курс. Но, продажбата е уште повпечатлива ако се земе предвид дека пред аукцијата, аукциската куќа Кристис изразила проценка од 18.500  до 24.500 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Buysellawatch (@buysellawatch)


Вториот часовник, модел Bond Omega Seamaster Aqua Terra Master Co-Axial направен од не’рѓосувачки челик беше продаден на аукција за 119.700 фунти (133.740 евра). Приходите од продажбата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by watch_girl_life (@watch_girl_life)

Новите сопственици на часовниците ќе ги добијат во персонализирана кутија со сертификат потпишан од продуцентите на Џејмс Бонд, Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи, од претседателот и извршен директор на Омега, Рејналд Ешлиман и од актерот Даниел Крег.

Онлајн продажбата ќе продолжи до 5 октомври, Денот на Џејмс Бонд, со 35 аукции кои се однесуваат на сите дваесет и пет филмови, вклучувајќи постери, реквизити, костими и сувенири.

 

Слични објави

Поранешниот свршеник на Јована Јеремиќ денеска слави, а покрај него е и новата девојка Александра

Еспресо

Голема димензија на љубов: Сара Мејс со емотивна честитка за роденденот на синот Кирил

Еспресо

Тања Савиќ заминува во Турција на естетска операција: „Морам да соберам храброст“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Стефан Лазаров во најубавото животно поглавје — трудничките фотографии од Охрид освојуваат на прв поглед

Еспресо

(Фото) Секоја прослава е посебна приказна со декорациите на „Магични моменти“

Еспресо

Јована Јеремиќ првпат влезе во собата на покојниот татко и се расплака: „Тоа никогаш нема да си го простам“

apostolova
Се вчитува....