12:49 - 29 ноември, 2026

Кети Пери побегна од хотелот во кој беше Том Хенкс, кој е заразен со коронавирус! (ФОТО)

Бремената Кети Пери (35) отпатува од Австралија откако престојуваше во истиот хотел како Том Хенкс (63) и неговата сопруга Рита Вилсон (63) кои се заразени со коронавирус.

Кети Пери ја скрати турнејата во Австралија откако изби паника поради коронавирусот.

Пејачката е видена како излегува од автомобилот и иде накај аеродромот во Сиднеј на 12 март.

Таа носеше сива тренерка и дуксер. На рацете имаше ракавици, а на главата капуљача и слушалки.

Profimedia

Со перница ја имаше покриено устата, на очите имаше црни наочари, а на нозете едноставни и удобни патики.

Со оглед на тоа дека неодамна откри како е бремена и со Орландо Блум го очекува своето прво дете, логично е дека се обидува да се заштити од вирусот кој владее низ светот.

Кети 24 часа била заробена во хотелот „Парк Хајат“ во Сиднеј. Тоа е истиот хотел во кој беа Том Хенкс (63) и неговата сопруга, пејачката Рита Вилсон (63), кои моментално се во изолација.

Нејзиниот вереник Орландо Блум (43) исто така мораше да го промени својот распоред.

Снимањето на втората сезона од неговата емисија е прекинато и одложено.

 

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....