19.8 C
Скопје
00:50 - 9 септември, 2026

(Фото сторија) Љубител на цвеќе, махер за фонтани, фурни и аранжирање: Ве запознаваме со Роберт и неговите ремек-дела

Разговараме со Роберт Ѓоргиев, кој не е само љубител на цвеќиња и природа воопшто, туку тој е и креативец, уметник и занаетчија.

За да создадеш градина со сите елементи, не е потребно само знаење, најважното е да ја сакаш работата, фото – приватна архива

– Уште од мал ги сакав цвеќињата, а од рани години почнав да создавам украсни елементи од корени од дрва, мини фонтани од камења – ја започнува Роберт својата приказна.

Завршил средно градежно и се вработил во приватна градежна фирма каде што се стекнал со огромно работно искуство сè до 2011 година, а потоа почнал приватно да работи, и тоа го прави и денес.

– За да создадеш градина со сите елементи, не е потребно само знаење, најважното е да ја сакаш работата, да имаш љубов кон работата – вели Роберт. – Постојат правила и принципи на изработката, според местоположбата и според условите, за на сонце треба да се внимава каква трева ќе се посади, кои видови на цвеќе, така е исто и за на сенка… – ни објаснува Роберт.

Што се однесува до начинот на аранжирање, тој продолжува:

– Постојат повеќе начини на аранжирасња, едниот начин е разновидните цвеќиња правилно да се распоредат, вториот начин е да создадете уметничка глетка, слика со помош на дробен варовник и дрвен декор, декоративен мулц. Мојот двор е изработен со природен матријал, камен и трева, со помалку цвеќиња, но со повеќе овошни садници.

Дорот се наоѓа во преубавото село Смоларе, во областа Подгорје, во близина на Струмица кадешто Роберт живее и се разбира, твори.

– Градинарството е уметност. За да имаш трајно убава градина прво мораш да го сакаш тоа, редовно да се грижиш за неа, со наводнување, косење трева, резење… Цвеќето мора да се негува, а ако не го правите тоа, подобро немојте ни да го садите – заклучува големиот љубител на цвеќе, нашиот соговорник.

Не само аранжирања на дворови, туку овој махер изработува и фурни и фонтани. Секако, не се сомневате, нели, дека неговиот двор е среден од „глава до пети“ и изгледа вонсериски. Но тој така ги средува и другите дворови, па доколку ви недостига време, идеја, занаетчиство, тука се креативните и вешти раце на Роберт.

Инаку, Роберт е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата од прекрасниот двор на Роберт во село Смоларе, и од некои од дворовите кои ги „дотерал“ до совршенство. 

Дворот на Роберт, фото- приватна архива
Дворот на Роберт, фото- приватна архива
Дворот на Роберт, фото- приватна архива
Дворот на Роберт, фото- приватна архива

Во продолжение дела кои ги изработил Роберт. 

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Двор за паметење во Демир Хисар, Габриела ни ги откри тајните на убавината

 

 

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....