25.8 C
Скопје
01:06 - 21 август, 2026

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс доби забрана за приближување до пејачката, Сем и нивниот дом

Џејсон Александар, поранешниот сопруг на Бритни Спирс, е уапсен откако без дозвола и без повик упаднал во домот на Спирс во Калифорнија, неколку часа пред свадбена прослава на пејачката и нејзиниот избраник. По упадот  на Џејсон му е забрането да и се приближува на пејачката до 17 јуни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 242 Family (@242_family)


На Џејсон му е забрането да им се приближува на пејачката и нејзиниот сопруг, а покрај тоа има и забрана да се приближува до нивниот дом, пренесува „Е! Њуз“. Тој е обвинет за вандализам, упад во туѓ имот и нанесување повреди при инцидентот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by In Touch Weekly (@intouchweekly)


Имено, Бритни и Џејсон пораснаа заедно, тие беа пријатели на почетокот на 2000-тите кога пејачката доживеа светска слава.

Тие одлучија на 3 јануари 2004 година во Лас Вегас за време на забава да се венчаат во мала бела свадбена капела, тогаш имаа по 23 години.


Набргу по два дена, младенците потпишале поништување на бракот и признале дека тоа било грешка.

Бритни Спирс на 9 јуни се омажи за Сем Асгари со кој е во врска подолго време, а на венчавката присутвуваа сами блиски пријатели на парот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


На церемонијата имаше околу шеесетина гости, од кои многумина беа ѕвезди. Донатела Версаче не остана незабележана. А дизајнерката лично се погрижи и за венчаницата на Спирс, изработена од бела свила и украсена со бисерни копчиња.

Меѓу гостите, на свадбата беа и Селена Гомез, Мадона и Дру Баримур.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


За забавите пред и после свадбата Бритни носеше неколку фустани, не многу елегантни но совршени за танцување и забавување – а при тоа да се чувствува комотно во облеката. Секако, венчаницата беше резервирана за моментот на размена на прстените, односно за главната церемонија, но пред и после неа пејачката и Асгари имале две забави – на едната Бритни носеше црвен фустан, а на другата црн мини фустан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


Бракот на Бритни Спирс го означи нејзиното повторно раѓање и повторното преземање на својот живот во свои раце.

 

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ ужива на јахта на црногорското крајбрежје – пејачката ја истакна новата фигура во провокативен фустан

Еспресо

(Фото) „Мојата љубов, моето сè“: Јована Јеремиќ блеска од среќа, а Тигар не се одвојува од неа

Еспресо

„Не можам да лажам, сакав веднаш да платам“: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ ја раскажа својата страна на приказната за инцидентот во трговскиот центар

Еспресо

(Фото) Згодната сопруга на Милош Биковиќ во тесно трико направи хаос на Инстаграм

Еспресо

Мала Цана изнесе тешки обвинувања против ќерките на Андрија Бајиќ: Тврди дека доживеала физичко и вербално насилство

E.A.

(Фото) „Сестринска моќ“: Наташа и Кристина Беквалац уживаат на луксузна јахта на Миконос

Еспресо
Се вчитува....