02:00 - 10 ноември, 2026

(ФОТО) АТИЏЕ И СУЗАНА ВО ИНСТАБУЛ: Хероината од филмот „Медена Земја“ последен пат била во Турција во далечната 1994 година со својот татко

За искреното пријателство на хероината од филмот „Медена Земја“, Атиџе Муратова и нашата позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева пишувавме многупати.

Нивното пријателство не беше спречено ниту од пандемијата на коронавирусот. Двете дами го користеа секој момент да го поминат заедно, а секое нивно дружење да го збогатат со многу музика.


Неодамна двете дами го остварија долго најавуваниот дует „Од Бекирлија до Битола“, а притоа беше промовиран и видео спот за оваа композиција, која е најава за нивниот прв заеднички албум „Иста судбина“.

Овој убав претпразниен период Атиџе и Сузана го искористија за посета на прекрасниот Истанбул, Турција, дамнешна желба на Муратова. Хероината од филмот „Медена Земја“ последен пат била во Турција во далечната 1994, заедно со нејзиниот веќе покоен татко, а по толку години Сузана и ја исполнува повторно желбата да го посети бисерот на Босфорот.


– Заслепени од убавината на најновата, најголемата и највисоката џамија која се гледа од сите страни на Истанбул, стои во описот на една од објавите на Турунциева на која заедно со Атиџе се фотографирани пред најголемата и највисоката џамија во Истанбул, Сината џамијата.


Следниот ден уживањето двете дами го продолжија низ пазарите во Истанбул, нешто што не смее да се пропушти, а по прошетката, седнаа и начас со локум.

– Недела е ден за пазарување… Во Турција секој убав муабет започнува со чај и локум, стои во описот на прекрасните фотогалерии кои Сузана ги сподели со своите фанови.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....