11.8 C
Скопје
20:36 - 28 март, 2024

АНДРИЈАНА И АНА ИМААТ МЕЛЕМ ОД ВКУСОВИ: Јадењето од тегла – приказна за здрав начин на живот

Кратко време по прогласувањето на Ковид 19 пандемијата и различните мерки кои се преземаа за спречување на истата, во неформален разговор се нашле Андријана и Ана на исто мислење дека за зачувување на здравјето неопходно е самите да се грижите за него преку избор на храната која ја користите. Ова за многу кратко време прераснало во една идеја да се отвори место кое што ќе им понуди на потрошувачите избор на здрава храна првенствено додека се на работа, а и после тоа. За сето ова да биде комплетно здраво, мораше да го вметнат и едно друго прашање кое во тој момент (пролетта 2020) не било толку актуелно, но години наназад, како и во моментот е особено значајно, а тоа е загадувањето. Заради тоа решиле нивните производи да ги спакуваме во амбалажа која се реупотребува и рециклира. 

фото – приватна архива

Зборот МЕЛЕМ значи лек, балсам, еликсир, многу често кај нас можело да се најде во контекст на Мелем за душа или Мелем за рана. Затоа и го избрале токму него, бидејќи храната е таа која најмногу придонесува за физичкото и менталното здравје, а тоа лично тие го имаат искусено. На ова го додале „ОД ВКУСОВИ“ за да се појасни дека здравата храна изобилува со различни вкусови. Токму затоа разговаравме со основачките на Мелем од вкусови Андријана Срчкова и Ана Јорданова Дубровска.

Што се може да се вкуси во Мелем од вкусови?

Андријана: Храната во Мелем од вкусови ја групиравме во неколку групи. Имаме смуди и цедени сокови кои се комбинација првенствено од овошје и зеленчук, во кои е вметнато јаткасто овошје, овесни снегулки и лиснат зеленчук. Особено е голем асортиманот на смудите во неделните пакети. Потоа ги имаме житните оброци кои се составени од овесни снегулки, цело зрнста пченица или овес. Во оваа група ни се ставени и чија пудинзите, како и Чоколадниот мус кој е направен од наут и банана. Тоа се благи оброци кои првенствено се наменети за доручек, но може да послужат како ужина или како храна после интензивно вежбање. Засладени се со мед или маџун, како и суво овошје. Во некои од нив е додаден кефир, кој што го правиме ние од млечна габа за кој што е познато дека неколкукратно го подобрува квалитетот на млекото и е одличен пробиотик. Овие оброци се комбинирани најчесто со свежо овошје и јаткасти плодови.

За ручек и вечера ги нудиме оброк салатите. Свеж зеленчук во комбинација со мешунки или просо. Дресингот кај салатите е со ладно цедено масло со лимон, домашен јаболков оцет или балсамико. Во понудата ги имаме и враповите кои се со интегрални пченични тортиљи и интегрални сендвичи со авокадо и зеленчук. Како посебна група можеме да ги издвоиме и бомбиците кои исто така не содржат рафиниран шеќер и се направени од продукти како путер од кикирики, мед, маџун, афион и сл. 

Првенствено нашата идеја е да се употребуваат продукти кои се карактеристични за нашето поднебје, кои се малку подзаборавени или пак се употребуваат само на одреден начин. На нив да им дадеме, ако моше така да се изразиме, „модерна нота“ и да изгледаат попривлечно и за око, но и за вкус.

Храната понекогаш се менува во некои нијанси, но секогаш се трудиме тоа да биде многу подобра варијанта од претходната.

фото – приватна архива
фото – приватна архива

На кои јадења се гордеете, кои би ги издвоиле? 

Ана: Најпопуларен ни е Колагенскиот десерт, односно здрава варијанта на популарниот Чиз кејк. Потоа Мелем од вкусови (традиционална пченица со поинаков и незаменлив вкус). Од салатите би ја издвоиле Градинарската салата во чија што основа е просото, но која е толку добро избалансирана со вкусовите што ретко на кој не му се допаднала. Особено е интересен и Фалафел врапот, кој што фалафел не е пржен во масло туку е печен.

Од каде ја црпите инспирацијата за нови менија?

Андријана: Инспирацијата за нови менија ја црпиме од продуктите. Првично избираме кој производ е здрав, ретко се употребува или кои ни е примамлив и потоа смислуваме различни комбинации со него, ги пробуваме и на крај се консултираме со врвен нутриционист за да ни каже дали одговара таа комбинација или сме згрешиле некаде. Еден најнов ваков производ е особено здравиот и протеински многу богат, а тоа е бомбицата од афион. Идејата дојде откако ни понудија т.н. „К’ цана сол“ или афион без додатоци – стар македонски рецепт. Него го искомбиниравме со семки од тиква, бадем и брусница, за чија што комбинација не инспирираше пријател кој што има здравствени проблеми поврзани со машкото здравје. По неколку комбинации и дегустации оваа година решивме да ги пуштиме во продажба во две варијанти со брусница и со сува кајсија (за која што би се согласиле дека е карактеристична за нас, бидејќи на времето секоја куќа сушеше суви кајсии во дворот).

Колку ви помогна во работата проектот на ЦУП како женски бизнис во Ковид-19?

Ана: Најбитното нешто што го дознавме кога влеговме во проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ е спроведен од Центар за управување со промени – ЦУП а поддржан од Balkan Trust for Democracy, е дека нашата идеја е добра и дека сме на добар пат за да опстоиме на пазарот. Тоа ни беше особено поттикнувачко и мотивирачки. Ни дадоа насоки во работењето. Професионално и многу брзо изготвија проект со кој конкуриравме за финансиска помош. Организираа обуки со други етаблирани фирми со што ги проширивме нашите видици.

Кои се вашите планови за 2022 година?

Андријана: Планираме да ги понудиме нашите производи во некои фирми кои се наоѓаат во делови од градот каде што нема многу голем избор на здрава храна со што би им овозможиле да си изберат некои од неделните пакети. Исто така заедно со ЦУП, како и нивните соработници би изготвиле Веб страна на која што ќе може да се купат производите.

фото – приватна архива

Слични објави

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо

(Фото) Весна Змијанац бакна непознат маж: Помлад од неа и покриен со тетоважи

Еспресо

(Фото) Ова е сестрата на Драгана Мирковиќ, неверојатно си личат: Таа ѝ е најголема поддршка!

еспресо
Се вчитува....