14:53 - 19 април, 2024

(ФОТО) БИТОЛЧАНКАТА НАДИЦА СОЗДАВА УМЕТНОСТ ШТО СЕ НОСИ: Дизајн за жени со единствен стил, хендмејд производи различни од масовната продукција

Креативката од Битола Надица Бицева -Димитровски создава парчиња накит дизајнирани под нејзиниот бренд Kreacija Jewelry, спој на уметничко творештво и култура. Модата отсекогаш била пасија на Бицева – Димитровски, која по професија е дипломиран психолог. Професионално со креирање се занимава од 2015 година.

Надица дизајнира авангарден накит од текстил, но повремено изработува и модни додатоци (пластрони, фасцинатори, лептир машни…). Сите производи се изработени од репроматеријали и помошна галантерија со висок квалитет и европски стандард. Во процесот на изработка на една колекција, од идеја до реализација, користи повеќе вештини, развој на шаблон, кроење, шиење, боење и цртање на текстил… Повеќе од 70 отсто од изработката на производот е „хендмејд“, а другиот дел подразбира користење на стари техники со нови технологии. Повеќето привезоци, детали, со кои се збогатува основната база на производот се изработени од полимерна глина, со дополнително рачно сликање на истата.

 Од каде идејата да отворите Ателје?

Модниот дизајн, естетиката, стилот, убавината, дизајнот воопшто секогаш ме фасцинира и освојува. Мојата идеја е преку моден израз, со уникатна естетика и поразличен од масовната продукција, да понудам дизајн за жени со единствен стил. Страста кон модата, цела моја креативна енергија ја канализирам преку дизајн на накит. 

Работите од 2015 година работите, кои беа предизвиците сиве овие години?

– Мој најголем предизвик беше пласман на накитот на странски пазар, задоволство ми е што тоа и го постигнав. Многу ми помогнаа мерките преку проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ е спорведен од Центар за управување со промени – ЦУП а поддржан од Balkan Trust for Democracyи нивната помош дојде навистина во вистински момент за што сум многу благодарна. 

Што сè може да се најде во Ателјето?

Рачно изработен авангарден накит, кој јас во моето Ателје го дизајнирам, произведувам  и продавам. 

Ателје Креација има зад себе неколку претставувања надвор од нашата земја. Би ја издвоила како најзначајна соработката за продажба на  американскиот пазар, која започна во 2018 со пласман на моите производи во Pop Up Store by Clothia, во  New York, така што најпродаваните парчиња накит сега се достапни онлајн.

Од каде ја црпите инспирацијата за колекциите?

Инспирацијата е насекаде околу мене.. Мене лично најмногу ме инспирира архитектура и  културното наследство, се она што  во себе содржи некаква  приказна. Модниот дизајн, стилот, модните инсталации, естетиката, убавината, дизајнот воопшто, секогаш ме фасцинира и освојува. Љубовта кон модата, перцепцијата кон модата има главен акцент во моето секојдневие. Иако сум дипломиран психолог, страста кон модата и модните додатоци, цела моја креативна енергија ја канализирам преку дизајн на накит. Креативната експлозија која што ја доживеав во еден момент беше повеќе од доволна за да го отворам моето „Ателје Креација“, место каде што дизајнирам, произведувам и продавам накит… Мојата идеја е преку моден израз, со уникатна естетика и поразличен од масовната продукција, да понудам дизајн за жени со единствен стил. Уметност која може да се носи. 

Што очекувате од 2022 година?

За оваа година планирам да започнам една иновација во соработка со странски партнер. Во моментот работам на нова колекција накит, но ги имам и најпродаваните парчиња накит од сите мои досегашни колекции.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо

Дарко Лазиќ по третпат станува татко: Катарина е бремена!

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ јавно ја поддржа мајка си: „И во добро и во зло…“

jasmina.kantardzieva
Се вчитува....