10.8 C
Скопје
21:58 - 19 октомври, 2026

(ФОТО) ЕСЕНСКА ИДИЛА ВО ПРИЛЕП: Свекрва и снаа делат иста страст – цвеќиња!

Гости сме во големиот, сега есенски, двор на Делфина Талеска Николоска во близина на Тутунскиот комбинат во Прилеп. Делфина по професија е месарка, но многу е вешта во одгледување на цвеќиња, кои се, очигледно, нејзина страст.

Делфина, фото – приватна архива
Оваа страст таа ја дели со свекрвата, која пак, е слаткарка и махерка за изработка на превкусни задоволства. И, како што е редот, разговорот го водиме со постарот член на семејството, 50 годишната Магде, свекрва на Дефина. За поздрав е разбирањето меѓу снаата и свекрвата, како и заедничката работа во домот, вклучувајќи го и дворот.
Розите ѝ се „слабост“ на Магде, како омилено нејзино цвеќе, вели ја потсетуваат на љубов – толку бела, а чиста. Но сепак, во дворот доминираат петуниите, покрај најразновидни видови цвеќиња кои го оплеменуваат овој простор.
– Оваа работа бара многу време и посветеност, сигурно вложувам најмалку по три часа дневно на уредување на дворот, грижа за него и за цвеќињата. Но кога се работи со љубов, времето бргу минува, затоа не можам да одредам колку точно време поминувам дневно тука – искрена е Магде.
Во текот на зимата, се разбира, обично се намалува бројот на цвеќиња, а тогаш во домот има голем број на зимски цвеќиња како што е божиќното цвеќе, кактуси, дрво на животот…
Магде смета дека посебен совет за оние кои сакаат да почнат со одгледување и нега на цвеќиња нема, туку најважна е љубовта.
– Само потребно е многу љубов за да започнете со одгледување, цвеќињата бараат голема посветеност, исто како децата. Јас, на пример, би почнала со лале – објаснува Магде.

Инаку, Делфина (снаата на Магде) е членка на Фејсбук групата

…ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

Слични објави

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.
Се вчитува....